Светските лидери ветија засилен ангажман за заштита на природата

Од:

Светските лидери ветија поголема финансиска поддршка и дополнителни напори за справување со предизвиците по глобалната биолошка разновидност, појава што претставува закана за исчезнување повеќе од милион растителни и животински видови.

На маргините на годишната сесија на Генералното собрание на ОН Германија вети 1,5 милијарди евра годишно за поддршка на биолошката разновидност, што е повеќе од двојно повеќе од претходно.

Наскоро во Монтреал ќе се одржи меѓународна конференција за биолошка разновидност, на која треба да се докомплетира и усвои рамка за заштита и зачувување на природата.

Според извештајот на Светскиот економски форум (СЕФ) за 2020 година, повеќе од половина од светскиот бруто домашен производ е во голема мера зависен од природниот свет.

„Конференцијата на ОН во декември позната како „COP15“ треба да биде пресвртница за нашите напори за зачувување на природата“, рече германскиот канцелар Олаф Шолц при објавувањето на новото финансирање.

„Со овој придонес, сакаме да испратиме силен сигнал за амбициозен исход на „COP15“ за биолошката разновидност“, рече тој.

Анализите покажуваат дека светот до 2030 година треба да издвојува околу 967 милијарди долари годишно за да се смени негативниот тренд во намалувањето на биолошката разновидност. Тоа значи дека моментално динансирањето е во дефицит од околу 800 милијарди долари годишно. Германија вети најголемо финансирање од која било индустријализирана нација, а другите земји најавуваат нови стратегии, вклучително и план за финансирање на биолошката разновидност поддржан од Еквадор, Габон, Британија и други.

Учесниците на настанот во Њујорк, меѓу кои и канадскиот премиер Џастин Трудо, ја повторија својата посветеност до 2030 година да заштитат и зачуваат најмалку 30 отсто од копнените и поморските територии на нивните земји.

Според извештајот на ЦИФ за минатата година, моментално се заштитени околу 17 чроценти од планетата. Само седум проценти од светските океани се под некаков вид заштита, а помалку од три проценти под вистинска заштита.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска