Светските лидери повикаа на поголема соработка во светот по пандемијата

Од:

Педесетина светски лидери повикаа за поголема соработка во светот по пандемијата, на состанокот на ОН за финансирање развој, на кој не присуствуваа САД, Кина и Русија.

Целта треба да биде „никој да не се остави“, рече италијанскиот премиер Џузепе Конте во видео-пораката од настанот, чии соорганизатори беа Канада и Јамајка.

Претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоза, рече дека е неопходно да се биде иновативен и „да се размислува надвор од вообичаената рамка“.

Целите за одржлив развој за 2030 година се „посуштински од кога и да било“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Мораме да работиме и да се бориме заедно“, додаде таа.

Неколку лидери, како германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, оценија дека сегашната криза може да биде можност за развој на поотпорна економија, особено промовирање на борбата против глобалното затоплување.

Во светот по пандемијата треба да доминира „солидарност, а не профитот“, оцени претседателот на Костарика, Карлос Алварадо Кесада, додека британскиот премиер Борис Џонсон очекува елан за „подобра реконструкција“.

Тој се заложи и за прекугранична соработка за да се избегне нова пандеммија и светот да се врати на вистинскиот пат.

Би можело да ве интересира

Во Кина 297 активни случаи на коронавирусот, тројца новозаразени, нема смртни случаи

Ана Ололовска

Вирусот побрзо се шири таму каде што владеат популисти

Ана Ололовска

Трамп: Имам добар однос со Фаучи, но не секогаш се согласувам со него

Ана Ололовска

ВИДЕО: Прекината прес конференција на гувернерот на Флорида поради обвинување за манипулации со Ковид-19

Ана Ололовска

Болсонаро: Доколку бидам негативен на денешниот тест, се враќам на работа

Ана Ололовска

Истражување: Пациентите по излекувањето од Ковид-19 патат од замор, тешко дишат….

Ана Ололовска