Светскиот тероризам не бележи пораст од 2007 година

Од:

Тероризмот во светот не бележи пораст од 2007 година и бројот на терористичките напади на глобално ниво се движи во стабилни граници, е заклучок изнесен во најновата студија за меѓународниот тероризам во изминатите десет години.

– Целокупните глобални тенденции влеваат извесен оптимизам, бидејќи драстичниот пораст на терористичките активности забележани од 2003 година до 2007 година престана, но влошувањето на стиуацијата во Сирија и другите можни идни судири на Блискиот Исток би можеле да ја сменат ситуацијата, се наведува во извештајот на Инситутот за економија и мир, кој ја изработи студијата.

Според Глобалниот индекс на тероризам, кој го воспостави овој институт со седиште во Сиднеј, бројот на терористички напади во светот бележи пораст од 2002 до 2007 година, а повеќе од една третина од жртвите меѓу 2002 и 2011 година биле Иранчани, јави Би-Би-Си.

Индексот рангира и споредува 158 земји во текот на десетгодишниот период со цел да се согледа влијанието на тероризмот, а во најновата студија е утврдено дека бројот на терористички напади најмногу се зголемил меѓу 2005 и 2007 година и покрај случувањата во Ирак.

Терористичките инциденти кои избиле во Пакистан претставуваат 12 отсто од вкупните такви случувања во светот, додека Индија и Авганистан учествуваат со по 11, односно десет отсто во глобалните терористички инциденти кои се случиле од 2002 до 2009 година.

Значителен удел во бројот на терористичките инциденти во светот имаат и Тајланд (шест отсто), како и Филипини и Русија со по четири отсто, се наведува во извештајот.

Бројот на погубните напади во Западна Европа се намали од 2002 година, но во овој дел на светот се уште се забележуваат 19 пати повеќе смртни случаи, отколку во САД, покажува студијата, која во својата временска рамка не ги вклучи нападите извршени во САД на 11 септември 2001 година.

Северна Америка е регион, кој е најмалку подложен на терористички инциденти и е пред Западна Европа и Латинска Америка.

Како што е утврдено само 21 земја во светот не ги искусила териристичките напади меѓу 2002 и 2011 година.

Во студијата е заклучено дека Ал Каеда доста е ослабната и оти е одговорна за само еден од 4.564 напади изведени во текот на минатата година, иако експертите тврдат дека тоа не важи и за организациите кои соработуваат со неа, како што се нејзините ограноци во Јемен и Северна Африка кои се одговорни за стотина убиени.

Меѓу главните заклучоци на студија е тоа дека земјите со ниски приходи се помалку подложни на тероризам, отколу земјите со средни приходи, што укажува дека сиромаштијата не е главен мотив за таквите напади.

Тероризмот е поврзан со ниската политичка стабилност, недоволна поврзаност на различни групи во општеството, кршењето  на човековите прва и високиот степен на меѓусебни обвинувања меѓу различните групи, се заклучува во студијата.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

Снимки од апсењето на терористите во Русија, откриени и нивните имиња

А1он

Во Њујорк: Автомобил полн со канти со бензин удри во луѓе, загинаа две лица, а петмина се тешко повредени

Горан Наумовски

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

Двајца хрватски малолетници се уапсени за тероризам