Светски официјални лица го осудија масакрот во Париз

Од:

Генералниот секретар на Советот на Европа, Тобјорн Јагланд за вчерашниот напад на францускиот неделник во Париз изјави дека тоа е напад на демократското општество и европските вредности и додаде дека е шокиран и длабоко тажен поради тој чин.

-Овој терористички напад е осмислен да ги погоди новинарите и да ја поткопа слободата на изразување. Тое е скандалозен напад на нашите демократски и европски вредности. Уште еден пример за заканувачка радикализација на нашите општества на која мора цврсто да и се спротивставиме- напиша тој.

Тој нагласи дека европските влади и институциите, меѓу кои и Советот на Европа мора да ги преземат сите можни мерки и во иднина подобро да ги заштити новинарите и слободата на медиумите.

Рејндер: Варварски акт

Нападот на неделникот „Шарли Ебдо“ најостро го осуди и белгискиот министер за надворешни и европски работи и претседател на Комитетот на министри при Советот на Европа, Дидије Рејндер кој оцени дека станува збор за варварски акт.

-Мора да се мобилизираме во одбрана на нашите вредности и слободи, меѓу кои и слободата на изразување. Исто така мора да се трудиме да го обезбедиме духот на толеранција, за да ги победиме омразата и поделбите кои терористите сакаат да ги предизвикаат. Советот на Европа е одлучен да преземе мерки за таа цел- истакна Рејндер.

Медведев: Тероризмот е неприфатлив

Рускиот премиер Дмитриј Медведев го осуди терористичкиот акт во Париз и упати сочувство до семејствата на жртвите, соопшти порпаролката на рускиот премиер Наталија Тимакова. -Тероризмот е неприфатлив, во каква било форма и начин на манифестирање- се зборовите на Медведев, кој е уверен дека нема идеолошки недоразбирања кои може да ги оправдаат убиствата.

Парламентарното собрание на ОБСЕ го осуди нападот Претседателот на Парламентарното собрание на Организацијата за европска безбедност и соработка ОБСЕ, Илка Канерва исто така го осуди вчерашниот напад во Париз.

-Во име на Парламентарното собрание на ОЕБС го осудувам овој гнасен напад на редакцијата на неделникот„Шарли Ебдо“ во Париз и изразувам длабоко сочувство до семејствата на жртвите, нивните колеги како и цела Франција, која веќе долго време ги подржува принципите на мултикултура, верска толеранција и слобода на говор- се наведува во соопштението.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во напад со нож во Париз

Улица во Париз ќе го носи името на Дејвид Боуви

А1он

ВИДЕО: Драма во Париз – Лувр итно евакуиран

Во Париз е забрането изнајмување електричeн тротинет

(ВИДЕО) Експлозија во Париз, петмина се повредени

Ограбена е златарница во центарот на Париз, штетата е огромна