Светски лидери денеска одлучуваат за помош за Либан

Од:

На иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон и ОН, светските лидери ќе одлучат денеска, на петтиот ден по катастрофалната експлозија во Бејрут, да соберат помош за Либан на видео самит.

Виртуелниот самит е закажан во 14 часот, а американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека планира да се приклучи на разговорите.

Официјално се проценува дека експлозијата на 2.750 тони амониум нитрат во пристаништето во Бејрут предизвикала материјална штета од околу 15 милијарди долари, смрт на 158 лица, 5.000 повредени, па дури и 300.000 без покрив над главите.

Неколку илјади луѓе вчера излегоа на улиците на Бејрут во знак на протест против владата, а полицијата употреби солзавец кога демонстрантите почнаа да фрлаат камења и да упаднат во зградите на либански министерства.

Би можело да ве интересира

Осум држави го загубија правото на глас во ОН

А1он

Талибанците бараат нивниот кандидат да биде амбасадор на Авганистан во ОН

Агенцијата на ОН за палестински бегалци нема пари за плати на вработените

А1он

Специјалниот пратеник на ОН за Либија поднесе оставка

А1он

ОН бараат итна поддршка за авганистанските банки

А1он

Преговори за заедничка декларација за Судан во Советот за безбедност на ОН

А1он