Светски форум за демократија: „Информации: демократијата е во опасност?“

Од:

Светскиот форум за демократија 2019 што официјално започнува денеска во Стразбур ќе мобилизира интелектуалци, политичари, активисти, експерти и млади од целиот свет, меѓу кои и млади од Република Северна Македонија се одржува до 6 8 ноември на тема информации и демократија, јавува дописникот на МИА.

-Информациите доживеаа голема еволуција. Традиционалните медиуми сега се дополнети, се во конкуренција и честопати се засенети од веб-страниците, блоговите и социјалните медиуми. Овие нови извори на информации им овозможуваат на милиони луѓе да споделуваат информации со само еден клик, без никаков филтер и без никаква контрола. Со оглед на овие пресврти, прашањето за сигурноста и достапноста на информациите, кои се основни услови за учество на граѓаните во демократските процеси, ќе биде клучно за трговијата, се вели во најавата на форумот организиран и чиј домаќин е Советот на Европа.

Учесниците на форумот започнаа уште од минатата недела во Стразбур да разговараат на следниве теми: Демократија во магла. Дали располагаме со сите потребни информации?; Враќање на довербата во медиумите; Информации и технологии: пријатели или непријатели?; Слобода на изразување и заштита на новинарите и Мултилатерален одговор.

За тоа се предвидени десетина работилници на идеи наменети на предизвиците во различни форми, на кои ќе бидат претставени некои веќе реализирани активности, со што ќе придонесат за демократскиот одговор на прашањата покренати низ целиот Форум. За време на форумот Советот на Европа ќе ја додели и наградата за најпопуларната иницијатива (петок, 8 ноември, од 11:30 до 13 часот, на затворањето на форумот).

Паралелно со форумот се организирани работилници (Форум разговори) за: Вештачка интелигенција и информации, дезинформации и лажни вести, новинарите во животна средина во опасност, безбедноста на новинарите, демократијата во дигиталната ера, проверка на факти и интегритет на информациите.

Форумот е во организација на Советот на Европа, во партнерство со Градот Стразбур, Регионалниот совет на Долна Рајна, Регионот Гранд Ест и француската влада. Изданието за 2019 година е дел од француското претседателство со Комитетот на министри на Советот на Европа.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски