Светска медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид-19 ќе треба да се дава секоја година

Од:

Дополнителната, засилувачка доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, е мислењето на претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих Монтгомери, кое го истакна во интервју за весниците на германската медиумска група „Функе“.

-Засилувачката доза на вакцината го зајакнува имунолошкиот систем. Но, не знаеме точно колку долго ќе трае пандемијата. Можеби вакцината треба да се дава секоја година, рече докторот.

Монтгомери го поддржа воведувањето зелени сертификати за вакцинација со рок на важност што ќе истече во одреден момент доколку граѓанинот навреме не изврши ревакцинација.

Првите вакцини против коронавирусот беа направени лани во декември во Германија, а граѓаните кои ги добија вакцините се уште имаат валидни потврди.

Светската здравствена организација (СЗО) во петокот го идентификуваше новиот сој Б.1.1.529, пронајден во Јужна Африка, и го именува со грчката буква омикрон. СЗО во соопштението кажува дека оваа варијанта на коронавирусот „има голем број мутации, од кои некои се загрижувачки“.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски