Светот во 2020: Од миротворец до дестабилизатор на Рогот на Африка

Од:

Иако премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед на крајот од минатиот месец прогласи победа над бунтовниците во Тиграј сепак владините сили нема контрола над целиот регион. Судирите, со намален интензитет се уште траат, стотици лица загинаа, десетици илјадници луѓе се раселени, од кои најмалку 40.000 засолниште најдоа во соседен Судан, а хуманитарната помош и покрај договорот помеѓу ОН и Владата на Етиопија не пристигнува до тие на кои им е најпотребна. Според УНЦЕФ околу 2,3 милиони деца во Тиграј немаат пристап до хуманитарната помош.

Постои опасност конфликтот во Тиграј да прерасне во граѓанска војна во Етиопија, што би можела да го дестабилизира еден од најтурбулентните делови од светот, стратешкиот регион – Рогот на Африка. Во Етиопија, втора земја по население во Африка, живеат 110 милиони луѓе, а Тигрејците се пет отсто од целокупното население.

Борбата за превласт, инцијативата за политички реформи и изборите во Тиграј доведоа до ескалација на судирите помеѓу владините сили и Народно ослободителен фронт на Тиграј (ТПФЛ) во најсеверниот етиописки регион. Спротивставените страни пријавија илјадници жртви, од кои околу 900 се цивили, а приближно еден милион луѓе се раселени. Етиописките власти обвинуваат и за масакр врз најмалку 600 цивили во градот Маи Кадра извршен од страна на ТПФЛ.

Несогласувањата помеѓу централната и регионалната власт траат подолг период, од доаѓањето на власт на Абиј, а се интензивираа откако во септември во Тиграј беа одржани регионални избори, а Владата ги одложи изборите поради пандемијата со Ковид-19. Владата ги прогласи изборите во Тиграј за незаконски, а еден месец подоцна ги укина средствата за Тиграј, што тамошната администрација го протолкува како објава на војна.

Судирите помеѓу централните власти и бунтовнците од северниот регион почнаа на 4 ноември откако премиерот Абиј нареди офанзива врз Тиграј, по истекот на ултиматиумот до лидерите на Народно ослободителен фронт на Тиграј (ТПФЛ) да се предадат. Според него офанзивата беше одговор на нападот врз воената база во главниот град на Тиграј, Мекеле, каде се сместени владините трупи.

На 29 ноември Абиј прогласи победа над бунтовниците од Тиграј, но нивниот лидер Дебрецион Гебремајкл најави дека ќе продолжи борбата против етиописката Влада.

ТПФЛ беше на власт 27 години се до 2018 година кога под притисок на антивладините протести организирани поради кршење на човековите права и нискиот степен на демократија беше извршена реконструкција на етиописката Влада, а Абиј беше именунван за премиер. Премиерот формира своја Партија на просперитетот и ги смени клучните функционери од Владата во Тиграј обвинети за корупција и репресија. ТПФЛ во 2019 година одби да учествува во Владата на Абиј и да се припои кон неговата Партија на просперитетот.

За ТПФЛ реформите на Абиј се обид за централизација и уништување на етиопискиот федерален систем. ТПФЛ е иницијатор на федералниот систем на Етиопија, што е воведен во 1994 година. Земјата е поделена на 10 региони во кои различни етнички групи имаат контрола. Поради тоа се стравува дека етничките тензии може да се прелеат и во другите региони, но и во соседните земји.

Абиј исто така е обвинуван и за „непринципиелно“ пријателство со претседателот на Еритреја, Исајас Афеверки. Тиграј е лоциран на границата со Еритреја. Војната помеѓу Етиопија и Еритреја траеше од 1998 до 2000 година, а Абиј по потпишувањето на мировниот договор во 2018 година, следната година ја доби Нобеловата награда за мир.

Етиописката Влада прогласи шестмесечна вонредна состојба во Тиграј, но се претпоставува дека судирите ќе траат подолго бидејќи регионот има голема паравоена војска и добро обучена локална армија со вкупен број од 250.000 војници.

Би можело да ве интересира

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска