Светот во 2019: Жените помогнаа за редефинирање на речиси се

Од:

Земјите ширум светот ветија родова еднаквост до 2030 година, но дури и најнапредните од нив се чини дека не прават доволно за да се постигне тоа. Сепак, достигнувањата на жени во оваа година помогнаа да се приближи таа цел.

Жените се уште се платени 20 проценти помалку од мажите и сочинуваат помалку од една четвртина парламентарци, соопшти Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Во изминатите децении, процентот на жени на пазарот на трудот, како и во одборите на компании, се зголеми, но тие и понатаму остануваат недоволно застапени во корпоративниот свет. Но, кои се светлите точки на патот кон еднаквоста?

Кон крајот на годината, ова се жените кои беа во 2019 година први на своите полиња.

Прва женска вселенска прошетка

Две астронаутки на НАСА го сочинуваа првиот женски тим во октомври кој шеташе во вселната. Имаше жени кои го правеа ова порано, но ова беше првпат да немаат машко друштво. Тоа беа Џесика Меир и Кристина Кох.

Првиот женски пилот во индиската морнарица

Потпоручникот Шиванги е првата жена што управува со авион на индиска морнарица. Тоа се случи три години откако индиските ВВС регрутираа први жени пилоти.

Првите доморотки влегоа во американскиот Конгрес

Деб Халанд и Шарис Дејвидс станаа првите американски членови на Претставнички дом во јануари од редовите на автохтоното американско население.

Судан доби прва судијка во Врховниот суд

Судијката на Врховниот суд, Немат Абдула Аир стана првиот шеф на суданското судство, африканска држава со мнозинство муслимани.

Прва претседателка на Словачка

Поранешната антикорупциска активистка и адвокатка за ЛГБТ права, Зузана Чапутова беше избрана за прв претседател на Словачка во јуни. ЛГБТ активистите се надеваат дека ќе донесат позитивни промени за правата на хомосексуалците и трансродовите во таа конзервативна држава.

Папата Франциско ги именува првите жени во клучно одделение во Ватикан

Четири жени (монахињи) станаа советнички во Бискупскиот синод и се првите жени во тој совет, основана во 1965 година од Павле VI, како папско советодавно тело.

Првата црна жена на врвот на Хималаите

Јужноафриканката Сарај Н’куси Кумало го освои Монт Еверест и сега ги сака и преостанатите шест највисоки врвови во светот.

Прва домортока од Мексико номинирана за Оскар

Јалица Апарицио (26) е првата родена што е номинирана за Оскар во Мексико. Апарицио не продолжила со глума се до улогата на дадилката во филмот „Рома“ и ја искористила стекната слава за промовирање на работничките права.

„Фајненшал тајмс“ доби прва главна уредничка

Рула Халаф за првпат беше прогласена за главен уредник на британскиот Фајненшл тајмс од основањето на весникот во 1888 година. Халаф, родена во Либан, работи во ФТ повеќе од 20 години.

Во Тунис – главна фудбалска судијка

Дорсаф Ганоиати (33) е туниска фудбалска судијка која во 2019 година влезе како прва арапска и африканска жена која судеше натпревар од првата лига.

ММФ – главна економистка

Гита Гопиах стана првата жена главен економист на Меѓународниот монетарен фонд. Таа беше назначена на функцијата во октомври. Родена е во Калкута во Индија и е професор на Харвард.

Малезија – шеф на судиите

Тенгку Маиум Туан Мат – првата жена шеф на судството во Малезија. Пред назначувањето само мажи биле на таква функција од 1963 година. Таа била во Федералниот суд од 2018 година.

МИА

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска