Светот погоден од екстремно високи температури на воздухот

Од:

Светската метеоролошка организација објави извештај за екстремно високите температури измерени во многу делови од светот во јуни и почетокот на јули.

На 29 јуни во иранскиот град Ахваз измерени се 53,7 степени Целзиусови, што е нов рекорд во Иран. Во тој период Иран, Ирак и Кувајт беа зафатени од топлотен бран.

Натпросечни температури измерени се и во Мароко, во северниот дел на Алжир. Потопло беше дури и на Антарктикот.

Во делови од Јужна и од Централна Европа се измерени температури повисоки од 40 степени, што се значително повисоки од темепартурите регистрирани во периодот од 1981 до 2010 година.

Кон крајот на минатиот месец од топлотен бран беа зафатени и САД. Во Лас Вегас во Невада измерени се 47,2 степени, а во Нидлес, Калифорнија – 51,7 степени.

Во Феникс, Аризона кон крајот на јуни 11 денови по ред температурата на воздухот беше над 43 степени. Поради високите температури беше нарушен воздушниот сообраќај од аеродромот во Феникс.

И Балканот е зафатен од топлотен бран. Минатиот викенд во Ријека поради високите температури починаа шест постари лица, а во метоеролозите предупредија дека утре и в среда во Србија температурите ќе се искачат и до 40 степени Целзиусови.

Би можело да ве интересира

Почнува летото

Горан Наумовски

Заштитете ги нозете од проширени вени во текот на летото

Горан Наумовски

Франција го има второто најжешко лето по 2003 година

А1он

Продолжува пеколниот бран, портокалова фаза и денеска

Катерина Ѓуровски

Бугарија со правила за летово: Без фен и клима уреди во сместувачките капацитети

А1он

Во Грција викендов се очекува температура до 40 степени

А1он