Светот остана „без здив“ по соборувањето на рускиот авион

Од:

Светот остана „без здив“ исплашен од можниот конфликт од широки размери, по соборувањето на рускиот авион, од страна на Турција, во реонот на сириско-турската граница, па за момент се соочи со ситуација, налик на „ракетната криза“ на Куба, од 1962 година, коментираат британските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Според британските набљудувачи, за кои не може да се рече дека и се наклонети на Москва, реакцијата на турските воени власти, сепак, била „непромислена„ и „нестрплива„ иако се забележува дека на Анкара и „здосадило„ да го поднесува речиси секојдневното повредување на нејзниниот воздушен простор од руските воени авиони кои дејствуваат против Исламска држава (ИД) во Сирија.

За набљудувачите во Лондон, овој инцидент може да се спореди со кубанската ракетна криза од пред 53 години, кога САД и тогашниот СССР беа на работа од меѓусебна војна, кога се открија советски ракети инсталирани на територијата на Куба.

Таа криза заврши со разумното решение и на двете страни, за да се спречи „третата светска војна„ па сега од Анкара и од Москва се бара да останат ладнокрвни, а од Западот да дејствува за да спречи ескалација на ситуацијата.

Британските медиуми предупредуваат дека натамошната ескалација би водела не само кон турско-руски судир, туку тоа би било судир на НАТО со Русија, што даалеку ја надминува тежината на инцидентот со соборениот авион.

Во Лондон се верува дека рускиот авион паднал на сириската територија и дека тој бил над Сирија кога ракетата го погодила, откако само 17 секунди престојувал во турскиот воздушен простор, во тесната зона во реинот кај Латакија.

Турција продолжува да тврди дека биле изречени десет предупредувања во период од пет минути.

Русија пак инистира дека ништо од тоа не е точно и дека авионот бил погоден од позади, дека немало никаков контакт со турските авиони, кои ако навистина го бранеле своето небо, можеле да дејствуваат како што тоа обично се прави- да застанат паралелно со рускиот авион и да го натераат да се повлече.

Експертите во Британија не оценуваат дали станува збор за „ турска казна за руската непослушност„ на што целиот инцидент наликува, ако се точни верзиите на кои инсистираат двете страни, освен што се разбра дека во реонот каде е соборен авионот, дејствуваат милициите на сириските Туркмени.

За Анкара, Туркмените се Турци и затоа се третираат како турско малцинство, а во Дамаск на нив се гледа како на турска „пета колона„ на сириската територија.

Некои лондонски весници за прв пат откриваат дека Турција и нејзиното разузнавање, ги обезбедува овие милиции, кои сите дејствуваат против власта на претседателот Башар ал Асад, со пари, оружје и разузнавачка подршка, како и дека Анкара ги обвинувала Русите дека своите напади не ги насочуваат протув ИД ,туку против туркменските бунтовнички групи.

Ова и дава доплнителна тежина на одлуката да се собори рускиот „Сухој-24„ па затоа сега се стравува каква ќе биде руската реакција, што ја навести претседателот Владимир Путин.

Медиумите во Лондон сугерираат, западните сојузници да бараат од Москва „да не претера со одмаздата„ и се залагаат за тоа да не се прекине секаква комуникација со Русија и со нејзниот претседател, затоа што без нив е тешко да се дојде до мир во Сирија.

Турција нема интерес да ја заострува ситуацијата, затоа што Анкара зависи од големите испораки руски гас, како и од силно развиените трговски врски, па се верува дека економските мотиви ќе го натераат турскиот претседател да работи за смирување на ситуацијата.

Тоа би значело дека потенцијалната можност од воен судир, од поголеми рзмери, сепак, ќе се сведе на „војна со зборови„.Она што британските воени експерти очекуваат е Русија уште повеќе да го зголеми своето воено присуство во Сирија и во нејзиното опкружување, што ќе ја отежне разврската на сирискиот конфликт.

Би можело да ве интересира

Американскиот секретар за одбрана: Го предупредив Шојгу за нуклеарно оружје

Ана Ололовска

Во координиран одговор, членките на ЕУ ги повикуваат на разговор руските амбасадори

Ана Ололовска

Што значи мобилизацијата за Русија – крај на пазарењето на Путин со народот

Ана Ололовска

Украинско разузнавање: Белорусија се подготвува да прими руски војници

Ана Ололовска

Советникот на Зеленски: Можни се преговори, но само со новиот претседател на Русија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Се запали авион на Крим, облаци црн чад се издигнуваат од местото на несреќата

Ана Ололовска