Светот е на работ на еколошка катастрофа пострашна од Чернобил, предупреди првиот украински премиер

Од:

Светот може да се соочи со еколошка катастрофа поголема од онаа во Чернобил, предупреди првиот премиер на Украина, Витолд Фокин.

Фокин, кој е заменик-раководител на трипартитната група која беше формирана во 2014 година за дипломатско решавање на воениот конфликт помеѓу Украина и Русија за регионот Донбас, истакна дека уништувањето на инфраструктурата во регионот по долготрајните бомбардирања, довела до поплавување на илјадници рудници во областа, загадување на почвата и воздухот.

Тој објасни дека катастрофата може да настане од водата во рудниците која може многу лесно да се слее во локалните реки и езера, а на тој начин да дојде и до Црното море.

Со цел да се избегне потенцијалната еколошка катастрофа, Фокин изјави дека потребно е итно чистење на каналите.

„Многумина замижуваат на сето ова, но престојната катастрофа може да стане неизмерно поголема од несреќата во Чернобил и да предизвика многукратна еколошка штета“, додаде Фокин.

Несреќата во нуклеарната централа во Чернобил се случи во 1986 година, кога експлодираше реактор во советската нуклеарка и голема количина радиоактивни материи беа ослободени во околината, а негативните последици ги почуствува цела Европа.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски