Суровата зима во Монголија закана за над 150 илјади номадски семејства

Од:

Исклучително студеното време во Монголија е ризик за преживување на над 150 илјади номадски овчари и нивните семејства само една година откако во тешка зима угинаа најмалку милион грла животни. Тоа го соопшти денеска Меѓународниот комитет на црвениот крст.

Особено погодени се семејствата кои се уште се справуваат со последиците од минатогодишниот „зуд“ – исклучително неповолна метеоролошка појава карактеристична за Монголија и се изразува со летна суша, и долга зима со снегови и температури од – 40 до минус 50 степени Целзиусови.

Над 40 илјади крави и друг добиток веќе се угинати и таа цифра ќе расте во следните месеци како и напролет. Зуд обично има на секои 12 години во Монголија, но оваа зина е втора по ред во која се случува таа метеоролошка појава.

Минатата година од тоа угинаа над милион грла добиток кој е единствен извор на храна, транспорт и приходи за речиси половината од 3-милионското население во Монголија. Хуманитарни организации повикаа за итна помош за државата каде речиси 70 отсто од територијата е под снег и 157 илјади домаќинства на овчари во 17 од вкупно 21 провинција се изложени на ризик за преживување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлодира цистерна со гас во Монголија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Илјадници Руси чекаат повеќе од 16 часа за влез во Монголија

А1он

Силен земјотрес на границата меѓу Монголија и Русија

Ана Ололовска

Момче во Монголија почина од чума, која му ја пренел заразен мрмот

Ана Ололовска

Во Монголија потврдени два случаи на чума

Ана Ололовска

Прв случај на коронавирус во Монголија

Ана Ололовска