Сунитските џихадисти зазеле уште два града во источната ирачка провинција Дијала

Од:

Сунитските џихадисти од групата „Исламска држава во Ирак и Левантот“ ноќеска зазеле два града во источната провинција Дијала, откако силите за безбедност го напуштиле своите позиции, пренесоа британските медиуми.

Во раце на бунтовниците паднале Џалаула и Саадија, како и уште неколку помали населби околу планината Химрин, во кои долго време се кријат радикалните елементи.

Курдските сили за безбедност го засилеле обезбедувањето на канцелариите на својата политичка партија, пред џихадистите да влезат во Џалаула. Меѓу нив немало конфронтација, дополнуваат британските медиуми.

Ирачката армија со артилерија ги гаѓа Саадија и Џалаула од блискиот град Мукдадија, провоцирајќи десетици семејства да избегаат кон градот Ханикин, на иранската граница.

Џихадистите од ИДИЛ претходно неделава го зазедоа вториот по големина град во Ирак Мосул и од тогаш напредуваат кон Багдад.

Американскиот претседател Барак Обама се закани со воздушни напади врз сунитските бунтовници, кои сакаат да формираат сопствена држава во Ирак и Сирија.

Курдите, кои управуваат со автономија на северот од Ирак, го искористија хаосот и ја проширија својата територија, утврдувајќи контрола врз богатиот со нафта град Киркук и други места надвор од официјалните граници на нивниот автономен регион, посочуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија

Нападната американска база во Ирак, има и повредени

А1он

(ВИДЕО) Иран ги нападна Ирак и Сирија: Го уништивме шпионскиот штаб на ционистичкиот Мосад

Пет турски војници загинаа во напад на воена база

Горан Наумовски

Хезболах со дронови нападна американска база во Ирак, САД возвратија