(ВИДЕО)„Сунак, трепни двапати ако те киднапираа“: Јавноста го исмева првиот говор на британскиот премиер

Од:

Новиот премиер на Велика Британија Риши Сунак го одржа својот прв говор по преземањето на „црвено-жешката“ функција прв човек на државата како и претседател на Конзервативната партија и рече дека Велика Британија се соочува со длабока економска криза.

За време на обраќањето пред членовите на Конзервативната партија, кое траеше 90 секунди, Сунак и се заблагодари на Лиз Трас за сработеното и рече дека ја водела земјата во исклучително тешки времиња.

„Чест ми е што ја имав поддршката од моите колеги и што бев избран за претседател на Конзервативната партија. Најголема привилегија е да и служам на партијата што ја сакам и на државата. Велика Британија е одлична земја, но нема сомнеж дека се соочуваме со голема економска криза. Сега ни треба стабилност и единство“, рече Сунак за време на неговото обраќање пред конзервативците.

Поради начинот на кој зборуваше, Сунак стана предмет на потсмев веќе на првиот ден од неговиот мандат, а многумина изјавија дека неговиот говор е премногу „роботизиран“.

„Тој изгледа како робот кој испорачува флоскули на масите. Совршен политичар“, е еден од коментарите.

„Сунак, трепни двапати ако те киднапираат“, е и еден од коментарите на британските граѓани.

Би можело да ве интересира

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Сунак: Мора да бидеме похрабри во запленувањето на руските средства

Значаен пораз за владејачките конзервативци во Велика Британија

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“