Суга и Трамп телефонски разговараа за соработката меѓу Јапонија и САД

Од:

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп за понатамошната соработка меѓу САД и Јапонија.

– Му реков (на Трамп) дека јапонско-американскиот сојуз е темел на регионалниот мир и стабилност и се согласивме да продолжиме со тесна соработка, изјави Суга доцна синоќа по разговорот со Трамп.

Суга рече дека во разговорот се согласиле да соработуваат во борбата против коронавирусот и кога станува збор за ракетни и нуклеарни закани од Северна Кореја.

Тој додаде дека Трамп му рекол дека сака уште повеќе да го развива сојузот меѓу двете земји.

Јапонското Министерство за надворешни работи утрово објави дека во 25-минутниот разговор станало збор и за соработка во развојот на вакцини против Ковид-19. Суга го наследи Шинѕо Абе, кој минатиот месец најави оставка поради здравствени причини.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски