Судот во Луизијана го блокираше законот за забрана на абортусот

Од:

Судот во американската сојузна држава Луизијана го блокираше законот на таа држава, кој би можел повторно да ја воведе забраната за абортус.

Судија на Окружниот суд во Њу Орлеанс во понеделникот привремено го блокираше спроведувањето на законот во Луизијана и закажа сослушување за 8 јули, врз основа на тужба поднесена од Центарот за репродуктивни права во име на локалните медицински институции кои вршат абортуси.

Во тужбата се наведува дека на законот кој би овозможил забрана на абортусот „недостигаат уставно задолжителни заштитни мерки за да се спречи самоволно спроведување“ и дека е „неважечки поради нејаснотии“.

Трите преостанати државни клиники за абортус во Луизијана најавија дека ќе продолжат да ја вршат таа интервенција и по судската одлука.

Слични тужби се поднесени во Јута и Охајо за да се спречи стапување во сила на закон што би предизвикал забрана.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Полицијата во САД идентификуваше жена која беше убиена со чекан па запалена во 1991 година

Катерина Павлова-Николовска

САД: Украина ќе ги добие нашите тенкови Абрамс до есен

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Двајца студенти повредени во пукање во Тексас

Телото пронајдено во близина на имотот на осудениот американски адвокат ќе биде ексхумирано

Ана Ололовска

Администрацијата на Бајден е скептична за намерите на кинескиот претседател пред самитот со Путин

Ана Ололовска

САД продолжија да испраќаат шпионски летала над Црното Море