Судот во Хонг Конг пресуди: Забраната на маски е неуставна

Од:

Високиот суд во Хонг Конг денеска пресуди дека е неуставен законот за забрана на носење маски за лице, кое потекнува од времето кога тој град под кинеска контрола бил британска колонија.

Судот пресуди дека законот е во спротивност на „основниот закон“, мини-уставот на Хонг Конг, според кој градот беше вратен под кинеска власт во 1997 година.

Во пресудата на судот се наведува дека забраната за носење маски за лице ги крши основните права во поголема мерка отколку што е разумно неопходно за постигнување на својата цел.

Владата на Хонг Конг, која се соочува со неколкумесечни, понекогаш, насилни протести, минатиот месец ги искористи овластувањата на законот за вонредни состојби за да воведе забрана за носење маски за лице.

Забраната за воведување маски уследи по големите немири и насилството во протестите на почетокот на октомври.

Би можело да ве интересира

Вонредна состојба во Хонг Конг поради новиот коронавирус

Ана Ололовска

Продолжуваат протестите во Хонг Конг

Лам: Хонг Конг може да го задржи посебниот статус и по 2047 година

Ана Ололовска

Директорот на Хјуман рајтс воч доби забрана за влез во Хонгконг

Ана Ололовска

Околу 400 приведени по протестите во новогодишната ноќ во Хонг Конг

Ана Ололовска

Во Хонг Конг судири меѓу полицијата и демонстранти во трговски центар

Ана Ололовска