Судот тврди дека постоел план за убиство на Кришнер

Од:

Пораките, кои беа прочитани како доказ пред судот, покажуваат дека имало однапред смислен план за убиство на потпретседателката на Аргентина, Кристина Фернандес де Кришнер во Буенос Аирес, пред неуспешниот обид за атентат во септември.

Според доказите, Бренда Улиарте, девојката на осомничениот напаѓач Фернандо Сабаго Монтијел, изјавила дека „за да се исчисти Аргентина, неопходно е да се пролее крв“.

Двојката кон крајот на август почнала да бара станови, надевајќи се дека ќе изнајми еден во близина на резиденцијата на потпретседателката на Аргентина.

Монтијел (35), кој има бразилско потекло, ноќта на 1 септември од непосредна близина вперил пиштол во главата на Кришнер и го повлекол чкрапалото, но оружјето кое било наполнето со пет куршуми не испукало. Тој набрзо беше уапсен, а потоа беа приведени уште две лица.

Се претпоставува дека Монтијел е поврзан со екстремистички десничарски групи. Тој има тетоважа „црно сонце“ на лактот, симбол што го користат неонацистите

Кришнер се соочува со обвиненија за корупција, што таа ги негира.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Свештеник e обвинет за убиство и тортура во Аргентина, Италија не сака да го екстрадира

Милеи отпушта 5.000 владини службеници: Протестите нема да го премислат

А1он

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

ВИДЕО: Силно невреме погоди крајбрежен град во Аргентина, најмалку 13 загинати

Катерина Ѓуровски