Судири во џамијата Ал-Акса во Ерусалим втора ноќ по ред

Од:

Израелските безбедносни сили втора ноќ по ред се судрија со Палестинците во близина на џамијата Ал-Акса во Ерусалим. Конфликтот се случува за време на празничната сезона, претстојниот исламски Рамазан и еврејскиот празник Пасха.

Група млади Палестинци синоќа запалија пиротехнички средства и фрлаа камења врз израелската полиција додека се обидуваше да се забарикадира во Ал-Акса, третото најсвето место на исламот во Ерусалим. Ал-Акса се наоѓа на висорамнината џамии, која Евреите ја нарекуваат планината на храмот, најсветото место во јудаизмот.

Полицијата соопшти дека Палестинците се обиделе да ги спречат верниците да ја напуштат џамијата. Претходната ноќ во судирите на таа локација во стариот дел на Ерусалим беа повредени неколку лица. Од нив полицијата уапсила околу 350.

Муслиманите доаѓаат да се молат во Ал-Акса за време на Рамазан, додека Евреите традиционално одат на аџилак во Ерусалим за Пасха. Светото место е под палестинска управа, додека Израел е одговорен за безбедноста.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел