Судири во близина на Даунинг стрит 10 во Лондон, полицаец соборен од коњ

Од:

Полицијата и демонстрантите се судрија вечерва во близина на резиденцијата на британскиот премиер Борис Џонсон во Лондон за време на протестот по повод убиството на Афроамериканецот Џорд Флојд во Минеаполис, јавија британските медиуми.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како еден од полицајците од коњаничката единица е очигледно исфрлен од неговиот коњ, пренесува Скај њуз.

Според медиумот, полицаецот останал да лежи на земјата додека коњот продолжил да трча кон демонстрантите.

Британскиот весник „Стандард“ наведува дека демонстрантите во еден момент фрлиле навивачки факел кон полицијата.

Илјадници демонстранти се собраа пред „Даунинг стрит 10“ по митингот на плоштадот пред британскиот Парламент и по маршот низ центарот на Лондон.

Демонстрации попладнево се одржаа и во Манчестер, Кардиф, Шефилд и Њукасл.

Би можело да ве интересира

Два напади со самострел во Лондон

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Гори полициска станица во Лондон, пожарот го гаснат 175 пожарникари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во Лондон, 11 лица завршија во болница

Горан Наумовски

Демонстрантите во Лондон кои маршираа за поддршка на Палестина го затворија Тауер бриџ

Горан Наумовски

Полицијата oд Лондон извести: Веруваме дека го пронајдовме телото на напаѓачот од Лондон

Горан Наумовски

Лондон: Девет лица се повредени со киселина, жена и деца се префрлени во болница

Горан Наумовски