Судири помеѓу Палестинците и израелските војници во Западен Брег

Од:

Палестинците денеска се судрија со израелските војници во Западен Брег, еден ден по конфликтот на границата меѓу Појасот Газа и Израел, при што загинаа десетици луѓе.

На местото на судирот има густ чад од запалени гуми. Палестинците фрлаа камења врз изреалските војници, кои одговорија со солзавец.

Околи 200 Палестинци денеска протестираа во Витлеем, додека во Рамалах се собраа сто луѓе.

Палестинците денеска одбележуваат „накбу“ односно 70 години од масовното раселување за време на создавањето на државата Израел.

Протестите организирани поради дислоцирањето на Амбасдата на САД од Тел Авив во Ерусалим вчера прераснаа во насилство при што се убиени најмалку 58 Палестинци, а повредени се околу 2.700 лица.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници