Судир меѓу полиција и антиваксери во Лондон

Од:

Четворица полицајци се повредени во судир со антиваксери во Лондон, од кои некои се обиделе насилно да упаднат во регулаторната агенција која одобрува вакцини и лекови. Таа беше првиот регулатор во светот што одобри вакцина против коронавирус во декември минатата година.

Демонстрантите поминаа покрај полициски кордон поставен пред агенцијата со намера да упаднат во неа, но се откажаа. Тие се упатија кон центарот на Лондон и се собраа пред Музејот на науката, каде се случија судирите со полицијата.

– Голем број демонстранти употребија насилство врз полицијата. Четворица наши припадници се повредени за време на судирите, соопшти лондонската полиција, додавајќи дека “тоа е неприфатливо“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Демири: Ако треба, ќе се донесат законски измени за казнување лица кои поттикнуваат кампањи против вакцинација

Два напади со самострел во Лондон

Горан Наумовски