Судењето за корупција против поранешниот судански претседател закажано за 17 август

Од:

Процесот против соборениот судански лидер Омар ал Башир, под обвинение за корупција, ќе почне на 17 август, соопшти неговиот адвокат, откако поранешниот претседател не се јави во судот на првото рочиште.

-Денеска беше првото рочиште во неговиот процес, но властите не можеа да го доведат поради безбедносни причини, така што судијата не информира дека судењето ќе почне на 17 август, изјави Хишам ал Гаали за франциските медууми.

На 16 јуни беше покренато обвинение против соборениот судански лидер, и тогаш тој ја даде неговата прва изјава по губењето на власта, на 11 април.

Башир се соочува со обвиненија поврзани со „поседување странска валута, корупција и незаконско добивање награди“ .

Шефот на неговото обезбедување изјави дека едно од обвиненијата против Башир е поврзано со околу седум милиони евра, што му се дадени како „неповратна помош од донатор и тие не биле вклучени во државниот буџет“.

Командантот на суданската армија, генерал Абдел Фатах ал Бурхан, во април изјави дека повеќе од 113 милиони долари во три валути се одземени од резиденцијата на Башир. Тој, исто така, кажа дека екипа агенти од полицијата, армијата и безбедносните служби кај него нашле уште седум милиони евра, 350.000 долари и шет милијарди судански лири (105 милиони долари).

Башир беше соборен од власта со воен удар по повеќе месеци национални протести, што избувнаа во декември по одлуката на неговата влада тројно да ја зголеми цената на лебот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

Орце Костов

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска

Во Судан, со стотици убиени и илјадници ранети, конфликтот не покажува знаци на намалување

Ана Ололовска