Суданските бунтовници се повлекуваат од мировните преговори

Од:

Суданската бунтовничка група соопшти дека се повлекува од мировните преговори со преодната Влада, обвинувајќи ја армијата дека напаѓа во јужниот дел на земјата, кој е под нивна контрола.

Народноослободителното движење на Судан соопшти дека ја откажало закажаната рунда преговори во градот Јуба во јужен Судан, затоа што неделава биле уапсени 16 лица во Син Нил, една од провинциите во Судан.

Тројца од нив подоцна се ослободени.

Движењето кое го преводи Абделазиз ал-Хилу соопшти дека нема да ги продолжи преговорите ако Владата не ги ослободи уапсените и не се повлече од областа и документира примирје.

Шефот на преодната Влада, генерал Абдел Фатах ал-Бурхан, во вторникот прогласи прекин на огнот ширум земјата.

Народноослободителното движење на Судан е активно во покраините Син Нил и Јужен Кордофан, каде контролира големи делови од териториите.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

Орце Костов

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска