Суданските активисти повикуваат на помош за сиропиталиштето во кое загинаа повеќе од 50 деца

Од:

Судански активисти испратија апел преку социјалните мрежи да му се помогне на сиропиталиштето во Картум, каде, според локалните власти, во последните три месеци починале 54 деца.

Големиот број починати деца, бројка објавена претходно оваа недела, предизвика бес во африканската земја, која е потресена од превирања и економска криза по избувнувањето на воениот удар во октомври.

Во државниот дом за сираци во Картум, во кој се сместени повеќе од 320 деца, од кои 80 со попреченост, според владиното соопштение, се живее во „трагични услови“ и се случува во една соба да има по 26 деца.

Од домот не е наведена причината за смртта на децата, додека волонтерката Афкар Омар Мустафа изјави дека повеќето од децата се неухранети, но и дека страдаат од разни болести поради недостиг на персонал и медицински услуги.

„На децата им е потребна посебна медицинска нега и други услуги, кои во моментов не се достапни“, рече таа.

Таа предупреди дека на сиропиталиштето му е потребна помош што е можно поскоро за да се избегне катастрофа.

Претставник на Министерството за социјални прашања, кое ги надгледува домовите за деца без родители, рече дека итно треба да се обезбеди трајно финансирање бидејќи донациите во последните месеци се драстично намалени поради тешката економска состојба.

Тој рече дека обвинителите отвориле истрага и наредиле обдукција на починатите деца.

Воените власти во средата соопштија дека армијата испратила храна и друга помош во сиропиталиштето, без дополнително објаснување.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

Орце Костов

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска