Суданскиот Суверен совет положи заклетва

Од:

Суданското продемократско движење и војската соопштија дека формирале цивилно-воено тело, кое ќе управува со земјата во следните 39 месеци.

Составен од шест цивили и петмина офицери, тој ќе биде предводен од генерал полковник Абдел Фатах Абдеирахман Бурхан. Советот утрово положи заклетва, а подоцна во текот на денот ќе се заколне и премиерот.

Цивилното тело ќе биде замена за воениот совет кој ја презеде контролата откако во април беше симнат од власт автократот Омар ал Башир.

Суверениот совет, составен од 11 членови, ќе владее со Судан до одржувањето избори.

Формирањето на ова тело е плод на долги преговори меѓу војската и продемократските сили, и договорено е во првите 21 месец да го предводат офицери, а останатите 18 месеци да е под контрола на цивилни лидери.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

Орце Костов

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска