Суданскиот претседател го назначи првиот потпретседател за нов премиер

Од:

Претседателот на Судан, Омар Башир, кој со земјата владее од 1989 година, го назначи својот прв потпретседател и долгогодишен сојузник, Хасан Салех, на новосоздадената должност премиер на земјата, јави заменик претседателот на владеачката партија, Ибрахим Махмуд, цитиран од ДПА.

-На седницата на партијата, со која раководеше претседателот Башир, одобрени беа номинацијата на Хасан Салех за премиер и неговото останување на функцијата прв потпретседател, рече Махмуд.

Салех денеска ќе положи заклетва на новата функција и веднаш ќе ги почне преговорите за состав на новата влада.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска