Суданскиот државен обвинител бара распит на Башир

Од:

Суданскиот државен обвинител нареди распит на соборениот претседател Омар ал Башир поради сомневања за финансирање тероризам и перење пари, јавија светските агенции повикувајќи се на неименувани судски извори во Судан.

Државниот обвинител во април покрена истрага против Башир поради обвиненија за перење пари и поседување големи суми странски валути без докази за нивното потекло.

Во куфери во куќата на Башир беа пронајдени големи количини пари.

Безбедносните служби пронајдоа евра, долари и судански фунти во вкупен износ од преку 130 милиони американски долари.

Суданската армија со собори Башир од власт на 11 април, после четири месеци улични демонстрации против неговото 30-годишно владеење.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

Орце Костов

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска

Во Судан, со стотици убиени и илјадници ранети, конфликтот не покажува знаци на намалување

Ана Ололовска