Суданската опозиција и воениот совет заедно ќе ги решаваат несогласувањата

Од:

Опозицијата во Судан и владејачкиот Преоден воен совет синоќа се договорија да формираат заеднички комитет за да ги решат меѓусебните несогласувања.

Договорот се случува во момент кога во земјата е зголемена затегнатоста околу тоа колку време ќе биде потребно за преод кон цивилна власт после симнувањето од власт на поранешниот претседател Омар ел Башир, коментираат светските агенции.

– Ние сме партнери кои заедно работат со цел Судан да биде безбеден, рече портпаролот на Преодниот воен совет Шамс Ел Дин Кабаши во обраќање на државната телевизија, после состанокот со претставниците на опозицијата.

Воениот совет и опозицијата изминатите денови изразија спротивни ставови околу барањата за демократизација под цивилна управа.

Демонстрантите во Судан неодамна ги прекинаа преговорите со воениот совет, затоа што не беше исполнето нивното барање армијата да ја предаде власта на цивили.

Суданската армија го симна од власт ел Башир, после четири месеци улични демонстрации против неговото 30-годишно владеење кое го одбележаа конфликти, граѓанска војна и корупција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

Орце Костов

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска

Во Судан, со стотици убиени и илјадници ранети, конфликтот не покажува знаци на намалување

Ана Ололовска