Судан има драматичен недостиг на храна поради намалувањето на хуманитарната помош

Од:

Илјадници лица во Судан се изложени на драматичен недостиг на храна, поради намалувањето на хуманитарната помош, а две деца и едно возрасно лице умреле од глад во Јужен Судан.

Хуманитарните работници прецизираа дека до смртните случаи дошло во камп за раселени лица во државата Варап, на северот на земјата, пренесува Би-Би-Си.

Вака алармантната ситуација во Судан настана откако Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации, поради недостиг на средства, ги прекина програмите за рационализирање на храната во многу делови на земјата.

Телото на ОН во јуни соопшти дека се недостигаат околу 426 милиони долари за продолжување на дистрибуцијата на храна, но таа помош не пристигнала бидејќи меѓународната заедница се фокусирала на други кризи кои се преклопуваат, вклучително и војната во Украина.

Сами Ал Субаихи, кој работи со Лекари без граници, изјави дека повеќе од 20.000 лица кои живеат во камповите за раселени лица се изложени на ризик од глад.

Претставник на Светската програма за храна кажа дека нивното тело „ја суспендираше помошта во храна за 1,7 милиона лица во земјата поради недостиг на средства“, но нагласи дека сè уште се обезбедува помош за 4,5 милиони лица.

Суспензијата е воведена во различни региони на Судан и сега повеќе од 60 отсто од вкупното население, кое брои 11 милиони Суданци, се соочува со недостиг на храна.

Од стекнувањето на независноста во 2011 година, насилството е дел од секојдневниот живот во Јужен Судан, што дополнително го загрозува снабдувањето со храна, и покрај формирањето на Владата на национално единство во 2020 година.

Ситуацијата дополнително се влоши со четирите последователни сезони на поплави, во кои беа уништени куќи, опустошени земјоделски површини и раселени десетици илјади лица.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

Орце Костов

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска