Суд во Нигерија преку апликацијата Зум осуди човек на смртна казна

Од:

Суд во Нигерија осуди човек на смрт со бесење, во рочиште одржано преку апликацијата Зум.

Организацијата за човекови права Хјуманс рајтс воч оцени дека станува збор за свиреп и нехуман начин на пресудување по овој предмет.

Судијка од Лагос го осуди Олелекан Хамид на смрт со бесење поради убиство на една жена.

Сослушувањето треше три часа, на кое присуствувале и адвокатите.

Пресудата е донесена во понеделникот, при што Хамид се вклучил на Зум од затворот, судијката од Врховниот суд во Лагос, а адвокатите од други локации.

Хамид изјави дека не е виновен за убиството на 76-годишната Јоласун Окинсања.

– Судот пресудува дека ќе ве обесат со бесење за врат додека не ве прогласат мртов. Бог нека се смилува на вашата душа. Тоа е виртуелната пресуда на судот, рече судијката.

Претставник на Хјуманс рајтс воч за Би-Би-Си изјави дека виртуелната судница покажала дека е можно и натаму да се има пристап до правото и законите, но дека е погрешно да се носи пресуда за смртна казна преку виртуелно судење.

„Оваа казна е архаична, свирепа и нехумана и треба да се укине“, оцени ХРВ.

Би можело да ве интересира

Лога: Уставот ја забранува смртната казна, а мислам и дека таа би била спас за овие монструми

Катерина Ѓуровски

„Смртна казна за убијците на Вања“ – на социјалните мрежи се шири петиција

Анита Петровска Рајковиќ

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Денеска во Флорида ќе биде погубен „Нинџа-убиецот“

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он