Суд во Брисел го одложи сослушувањето на поранешниот каталонски лидер Пуџдемон

Од:

Поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон денеска изјави дека судот во Брисел го одложил неговото сослушување по налогот за апсење, издаден од Шпанија со барањето за негово предавање на тамошните власти.

Судот ќе одлучува за предметот на 16 декември, им кажа Пуџдемон на новинарите во Брисел, каде веќе две години живее во егзил по неуспешното прогласување на независноста на Каталонија, пренесоа британските медиуми.

Карлес Пуџдемон минатата недела им се предаде на белгиските правосудни власти, бидејќи Шпанија издаде налог за негово апсење по изрекувањето на пресудата на Врховниот суд за 13 негови колеги, кои, исто така, се залагаа за независноста на Каталонија.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

Каталонија воведува ограничувања на водата поради сушата

Горан Наумовски

Каталонците излегоа на демонстрации на петгодишнината од референдумот за независност

Ана Ололовска

Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид

Ана Ололовска

Десетици илјади Каталонци побараа независност од Шпанија

Ана Ололовска

Мадрид бара од ЕП да го направи каталонскиот прв регионален јазик во официјална употреба