Студија: Со пожарите погодени 75 отсто од Австралијанците

Од:

Три четвртини од австралиските граѓани, или околу 18 милиони луѓе, директно или индиректно се погодени од неодамнешните пожари во земјата, според студијата објавена деенска, во која се забележува дека има остар пад на довербата на владата.

Студијата, спроведена од страна на Националниот универзитет во Австралија, покажува колку е погодено населението од пожари што траеле пет месеци, при што загинале повеќе од 30 луѓе и уништени илјадници домови.

– Практично сите Австралијци се погодени од пожарите и многумина ќе ги чувствуваат ефектите во наредните години, објасни Николас Бидл, кој ја водеше студијата.Во неа се вели дека 14 отсто од возрасните односно околу три милиони луѓе се директно погодени од кризата – тие морале да бидат евакуирани и нивните домови се уништени или оштетени.

Околу 15 милиони Австралијци индиректно се погодени од вдишување токсичен чад, од промени во планови за патување или загриженост за семејствата и за пријателите кои биле директно погодени.

– Само 27 проценти од анкетираните изјавиле дека веруваат или имаат голема доверба во владата, рече Бидл, и тоа е пад од 11 процентни поени за три месеци.

– Ова е најголем пад на довербата во толку кратко време досега, додаде тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча

Земјотрес во Австралија, епицентарот бил на 65 километри од Сиднеј

(ВИДЕО) Австралиец врзал мали деца откако ги фатил како се капат во базен

Во австралиските шумски пожари горат куќи, а топлотниот бран допрва ќе следи

ВИДЕО: Полицаец убил познат автралиски ТВ водител и неговто момче

Катерина Ѓуровски

Австралија: Околу 64.000 луѓе останаа без струја поради циклонот Кирили