Студија: Скоро една третина од луѓето кои прележале Ковид-19, по неколку месеци повторно биле во болница

Од:

Една третина од луѓето кои се лекувале од ковид-19, во рок од четири и пол месеци морале повторно да бидат згрижени во болница, покажува студија на британскиот универзитет Лестер, заедно со официјални бројки од британските болници.

Едно од осум лица кои ја прележале болеста починало како последица на здравствена компликација во следните месеци, покажува истражувањето.

Од 47.780 лица кои биле отпуштени од болница во Велика Британија, 29,4 проценти морале да се вратат во болницата по 140 дена. Од таа бројка, 13,3 проценти починале.

Многу луѓе кои имале долгорочни последици на коронавирусот, имаат здравствени проблеми со срцето, дијабетесот, црниот дроб и бубрезите, покажа истражувањето.

– Луѓето ја напуштаат болницата, имаат долгорочни последици од коронавирусот, се враќаат во болницата, а дел од нив и умираат. Гледаме дека тоа беше случај со 30 проценти од луѓето, а тоа е многу. Бројките се навистина високи, изјави авторот на студијата Камлеш Кунти.

Според него, потребно е да се подготвиме за она што се нарекува долгорочен коронавирус. Затоа, тој смета дека е потребно да се обезбеди следење на пациентите за време и по третманот.

Кунти, кој е експерт за третман на дијабетес и васкуларна медицина, вели дека постои многу поголема можност оние кои биле лекувани од коронавирус повторно да бидат примени во болница, во споредба со оние кои имале други здравствени проблеми.

Тој посочи дека има многу кои повторно биле примени во болница, но со некои нови дијагнози. Затоа, тој ја забележа важноста на соодветната терапија.

Меѓу оние кои повторно побарале медицинска помош откако се лекувале од коронавирус биле луѓе кои имаат проблем со дијабетес или срцеви заболувања, велат авторите на истражувањето.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски