Студија: Сексуалната злоупотреба врз деца во Британија е епидемија

Од:

Сексуалното насилство врз деца во Британија е епидемија што погодува милиони жртви, а грозоморните и ужасни дејствија се кријат со децении, бидејќи институциите и политичарите имаат приоритет на угледот пред благосостојбата на младите луѓе, тврди новото јавно истражување.

Независната студија за сексуална злоупотреба врз деца, една од најголемите и најскапите од ваков вид во таа држава, вели дека станува збор за глобална криза. Предупредува дека децата ќе бидат изложени на ризик доколку не се преземат итни мерки.

„Природата и обемот на злоупотребата со која наидовме беа шокантни и длабоко вознемирувачки“, изјави Алексис Џеј, експертка за социјална заштита која ја водела студијата.
„Ова е се поголем проблем и национална епидемија“, нагласи таа.

Истрагата започна во јули 2014 година по серија шокантни откритија за злоупотреби, некои од нив датираат со децении. Најзначајниот од нив беше покојната ТВ ѕвезда на Би-Би-Си Џими Савил, за кој по неговата смрт беше откриено дека е меѓу луѓето вклучени во најмногу случаи на сексуална злоупотреба во Британија.

Беа објавени 15 истраги и десетици извештаи, со детали за ужасните злоупотреби во институциите, вклучително и Католичката и Англиканската црква, како и центарот на британската политика, Вестминстер.

Политичарите, црковните водачи и социјалните служби ги игнорираа извештаите за заштита на сторителите и нивниот углед, а полицијата покажа несоодветна почит кон јавните личности, се тврди во студијата.

Вкупно 725 сведоци се сослушани од 2017 година и се обработени речиси 2,5 милиони страници докази. Повеќе од 6.000 жртви ги споделија своите искуства со „Проект за Вистина“ преку истражувањето.

Џеј рече дека цел на сексуалните напади биле бебиња, мали деца и тинејџери, често придружени со ужасно насилство и садистички чинови кои предизвикуваат физичка болка. „Тоа е одвратно и понижувачко и ефектите често траат цел живот за жртвите“, рече таа.

Запрепастувачки е бројот на луѓе кои биле и се жртви на насилство.

Според бројките од 2019 година, имало вкупно 3,1 милиони жртви во Англија и Велс, или околу 7,5 отсто од населението на возраст од 18 до 75 години.

Џеј рече дека во која било група од 200 деца, 10 момчиња и повеќе од 30 девојчиња ќе бидат погодени пред да наполнат 16 години. Во студијата е наведено дека додеја биле анализирани податоците, обемот на злоупотреба на интернет драстично се зголемил.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници