Студија: Климатските промени предизвикуваат поекстремни временски услови

Од:

Бројот на екстремни временски неприлики што се случуваат низ целиот свет се зголемува како резултат на климатските промени, покажа истражувањето објавено во списанието Сајенс Адвансис (Science Advances).

Околу две третини од копното на Земјата ќе се соочуваат со „влажна и променлива“ хидроклима на дневна и повеќегодишна основа, што значи поголеми промени помеѓу влажните и сувите екстреми, наведуваат истражувачите, предупредувајќи дека третина од вкупната површина на светот ќе се соочи со повеќе суши.

Според меѓународниот тим научници, поекстремните врнежи претставуваат дополнителна закана за инфраструктурата и општеството воопшто.

Пред сè, глобалното затоплување ја прави климата понеурамнотежена, „поекстремна во однос на влажноста и сушата“, посочи тимот предводен од професор Венксиа Жанг од Кинеската академија на науките во Пекинг.

„Хидролошкиот циклус се засилува со затоплувањето на климата, а глобалните просечни врнежи се зголемуваат за еден до три проценти по степен на покачување на температурата на површинскиот воздух“, се вели во студијата. Но, овој тренд не е уедначен и екстремните врнежи може да се зголемат уште повеќе во региони со голема влага во атмосферата.

Областите во повлажни подрачја, како што се монсунските региони во Индија, веројатно ќе бидат повеќе изложени на промени, со зголемување на обилните врнежи од дожд, меѓу другите ефекти, се вели во студијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска

Нов извештај на СМО: Температурите во Европа растат двојно побрзо од остатокот од светот

Ана Ололовска