Студија: Глобалното затоплување ќе ги зголеми болестите и смртноста

Од:

Климатските промени го зголемуваат ризикот од заболувања на срцето и бубрезите, болестите од топлински стрес и други смртоносни болести поврзани со горештините, се наведува во анализата на британското медицинско списание „Д Лансет“.

Научниците кои ја спровеле студијата наведуваат дека влијанието од глобалното затоплување е најсериозно за постарата и урбаната популација и лицата со хронични заболувања. Европа и источниот дел на Медитеранот се поранливи од Африка и југоисточна Азија поради бројноста на постари лица кои живеат во густо населени градови.

– Трендовите на влијанието на климатските промени, изложеноста и ранливоста покажуваат неприфатливо висок ризик за здравјето сега и во иднина, вели социологот на британскиот Универзитет Јорк Хилари Греам.

Според Светската здравствена организација (СЗО) климатските промени делуваат на многу фактори кои влијаат на здравјето, вклучувајќи чист воздух и вода, храна и дом. Се проценува дека меѓу 2030 и 2050 година климатските промени би можеле да предизвикаат дополнителни 250 илјади смртни случаи годишно поради недоволна исхранетост, дијареја, маларија и стрес.

Извештајот, во чие изработување беа вклучени 27 академски установи, покажа дека во 2017 година околу 157 милиони ранливи луѓе биле изложени на топлински бранови. Околу 153 милијарди работни часови се изгубени минатата година поради изложеност на горештина.

Исто така е потврдено дека малите промени на температурата и дождот можат да резултираат со големи промени во пренесување заразни болести кои се шират по пат на вода или ги пренесуваат комарците, како што се маларија, колера и тропската денга грозница.

Кламатскиот експерт Хауард Фрамкин од Фондацијата Велком вели дека резултатите се јасни.

– Климатските промени со екстремни горештини директно влијаат на нашето здравје, на пример поттикнување пожари, пропаѓање на жетва, инфективни болести и трошоци на живот ширум светот, изјави Фрамкин и ги повика сите сектори побрзо да дејствуваат за да ги запрат климатските промени и да го „намалат потенцијално разурнувачкото влијание на нашата планета и нашето здравје“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

Научниците тврдат: Во тек е феноменот Ел Нињо, кој придонесува за затоплување на планетата

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска