Стражар од нацистички логор обвинет како соучесник во илјадници убиства

Од:

Германските обвинители денеска обвинија 92-годишен поранешен стражар во нацистички концентрационен логор како соучесник во масовните убиства, во еден од последните судски процеси за злосторства од нацистичката ера.

Хамбуршките обвинители соопштија дека човекот, кој е идентификуван само како Брнуо Д., бил соучесник во убиство на 5.230 луѓе за време на девет месеци на должност во стражарска кула во концентрационен логор на крајот од Втората светска војна.

Според весникот „Ди Велт“, човекот им признал на обвинителите во текот на минатогодишната истрага дека гледал луѓе како ги водат во гасни комори за да ги егзекутираат.

Бруно Д., кој бил 17 години кога почнал да служи во концентрациониот логор Штутхоф во близина на Гдањск во Полска, изјавил дека се придружил на Ес-Ес (SS), паравоената единица на Нацистичката партија на Адолф Хитлер поради лошата здравствена состојба и дека бил подобен само за „гарнизонска служба“.

Тој додал дека не бил нацистички симпатизер.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени