Стравотни снимки од експлозијата во Бејрут: Луѓето врескаа, преплавени во стакло и во крв

Од:

Стравотни снимки од експлозијата што попладнево се случи во Бејрут се споделуваат во јавноста, а очевидци раскажуваат за драматични сцени на лице место.

На една од снимките се гледа како за само неколку секунди, експлозијата срамнува со земја огромен објект.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOEENK (@lebaneseyvr) on

„Видов огромна огнена топка и црвен чад преку целиот град. Луѓето врескаа и трчаа, преплавени во крв. Беа разнесени терасите од зградите, пукаа стакла од објектите“, вели за „Ројтерс“ еден од очевидците.

Светските медиуми пренесуваат дека сцените во болниците се стравотни и дека голем број лекарите се обидуваат да им помогнат на ранетите на лице место.

„Луѓето лежат на земја, а некои од нив се целосно прекриени со стакло“, пренесува „Си-ен-ен“.

Министерот за здравство на Либан за медиумите изјавил дека има „многу голем број на повредени и екстремно голема штета“.

Од Црвениот крст на Либан велат дека нивните екипи се излезени на терен и бараат донации од крв.

„Над 30 наши екипи се на терен. Ве молиме ослободете ги патиштата до болниците“, апелираат од Црвениот крст на „Твитер“.

На терен се излезени стотици противпожарни, амбулантни и полициски возила.

„Ројтерс“ пренесува дека од експлозијата има најмалку 10 мртви.

Канцеларијата на дневниот весник „Дејли стар“ е една од уништените од експлозијата. На снимката може да се види дека се искршени сите стакла, делови од покривот и уништен е буквално целиот ентериер.

Оштетени се домовите на луѓе кои живеат 10 километри од местото каде што се случи експлозијата, пренесуваат медиумите.

Националната либанска телевизија пренесе дека експлозијата настанала во фабрика за производство на пиротехнички средства.

Се уште не е позната причината за експлозијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

Се запали цистерна во близина на бензиска пумпа на автопатот Велес-Градско – Пожарникарите спречиле да експлодира

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Почина жената која беше повредена во експлозијата во Параќин

Жена е тешко повредена во експлозија во Параќин

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи