Стравот од рецесија ја намали цената на нафтата под 107 долари

Од:

Цените на нафтата денеска паднаа под 107 долари на меѓународните пазари, откако стравувањата од рецесија ги надминаа грижите за снабдување и геополитичките тензии во Европа.

На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 89 центи во однос на претходното затворање, на 106,69 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше за 30 центи пониско, по 105,41 долари.

Трговците оваа недела се фокусираа на зголемување на клучните каматни стапки, зајакнување на американскиот долар и инфлација, стравувајќи од рецесија.

Долготрајните блокади поради Ковид-19 на најголемиот светски увозник на сурова нафта, Кина, исто така извршијÐ ° притисок врз нафтените пазари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Паднаа цените на нафтата

Поскапува Еуросупер БС-98, цените на другите горива не се менуваат

Горан Наумовски

Светски берзи: Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

Катерина Ѓуровски

Светски берзи: Зајакнат доларот, цената на нафтата порасна

Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

Катерина Ѓуровски