Страотно сведоштво на новинарка: Бев во Изјум, ова е полошо од се што можете да замислите

Од:

Емануел Чејз, дописничка и репортерка кој работи за Дојче веле и за Франс24, на Твитер објави шокантен извештај од ослободениот Изум, во кој по повлекувањето на руските сили е пронајдена масовна гробница во која, според Украинците, има 440 тела.

„Штотуку се вратив од местото на масовната гробница во Изум. Ова е полошо од се што можете да замислите. Можам да потврдам дека барем некои од луѓето закопани таму неодамна беа мачени. Тие умреа од насилна смрт“, напиша таа на Твитер.

Таа наведува дека во гробницата биле пронајдени телата на 17 украински војници, додавајќи дека телата се однесени на обдукција.

Чејз ги опишува и посмртните останки на маж на возраст од околу 18 години. „Рацете му беа врзани зад грб. Беше силно удрен со остар предмет во главата. Неговиот скротум беше смачкан, а на внатрешните делови на бутовите, исто така, имаше знаци на тортура“, напиша таа.

Таа објави и фотографија од пожарникарите кои се први задолжени за ексхумирање на телото. „Еден ми рече дека на целата негова единица ќе и треба психолошка помош после ова“, напиша таа.

Би можело да ве интересира

Русија: Украина нападна болница во Луганск

Ана Ололовска

Медведев го коментираше испраќањето тенкови: „Се зголемува можноста за конфликт со Западот“

Ана Ололовска

Украина: Русите сакаа да не измамат со тенкови на надувување, тие се издишаа

Ана Ололовска

Фон дер Лајен: Украина ја има безусловната поддршка од Унијата

Ана Ололовска

Институт за војна: Русите го цензурираат известувањето за војната

Ана Ололовска

Шпанија испраќа тенкови Леопард 2 во Украина

Ана Ололовска