Стотици чевли пред романското МВР поради исчезнати деца

Од:

Граѓаните на Букурешт вчера оставија околу 200 чевли, играчки и свеќи пред зградата на Министерството за внатрешни работи на Романија со цел да го свртат вниманието на исчезнатите деца.

Организатор Националната либерална партија (ПНЛ) наведе дека со протестот сакале да укажат на трагедијата во Каракалу, каде беше убиена 15-годишна девојка која претходно беше киднапирана „не е изолиран случај“ тврдејќи дека минатата година во Романија исчезнале 400 деца.

– Голем број млади луѓе заминуваат од Романија, тие или се киднапирани или измамени и ги носат во други држави каде ги искористуваат или злоупотребуваат. Тоа е голем проблем за Романија што не може да ги заштити своите граѓани. За личната безбедност на секој граѓанин не може да се преговара, истакна Данијел Чиунгу.

Претседателката на градскиот одбор на ПНЛ, Виолета Александру истакна дека е неопходно да се работи на професионализација во решавањето на случаите со исчезнатите лица.
Според официјалните податоци лани во Романија исчезнале 4.000 малолетни лица од кои 3.600 биле пронајдени.

Неодамнешното убиство на Александра Макесане предизвика гнев кај јавноста бидејќи полицијата не реагирала на нејзините повици. Полицијата имала и проблем да ја лоцира девојката бидејќи користела погрешна технологија, а барала и непотребен налог за претрес, дури по 19 часа кога ја пронашле куќата на киднаперот.

Дополнително е откриено дека истиот маж убил и 18-годишна девојка, која беше пријавена за исчезната во април годинава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет