Сторми Даниелс го поздрави обвинението со шампањ: „Ми олесна, ви благодарам на сите за љубовта и поддршката“

Од:

Поранешната порно актерка Сторми Даниелс го поздрави обвинението против поранешниот американски претседател Доналд Трамп и им се заблагодари на своите поддржувачи за поддршката.

– Ви благодариме на сите за поддршката и љубовта! – напиша Даниелс на Твитер.

Таа изјавила дека добива толку многу пораки што нема време да одговори и се пошегува дека исто така не сака да го истури шампањот.

Нејзиниот адвокат Кларк Брустер изјави за Си-Ен-Ен дека ја споделил веста за обвинението против Трамп со својот клиент и дека Даниелс не била изненадена.

Тој изјави дека на Даниелс сега и олеснало.

– Тоа е навистина борба против неговото отфрлање на вистината и неговото создавање приказни – тврди Брустер.

Брустер рече дека обвинението не треба да биде причина за славење.

– Нека надвладеат вистината и правдата – рече Брустер.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е обвинет во врска со наводите дека за време на претседателската кампања во 2016 година и платил на порно актерката Сторми Даниелс за дискреција во врска со нивната наводна афера, потврди правниот застапник на Трамп, Џо Такопина.

Адвокатот на поранешниот американски претседател изјави за АП дека големата порота, која се состанувала со месеци, се согласила да го обвини Трамп.

Конкретните обвиненија засега се непознати.

Би можело да ве интересира

Судењето на Трамп за фалсификување деловни книги ќе започне во март 2024 година

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Новинар: Дали сакате Украина да победи? Трамп: Сакам луѓето да престанат да умираат

Ана Ололовска

Поротата одлучи – Трамп е осуден за сексуална злоупотреба

Горан Наумовски

Керол откри зошто веднаш не го пријавила Трамп за силување

Трамп го тужи поранешниот адвокат Коен за повеќе од 500 милиони долари

Популарноста на Трамп вртоглаво порасна, повеќето републиканци сакаат тој повторно да биде претседател

Ана Ололовска