Стоп за нови азиланти во 80 отсто од општините во Шведска

Од:

Околу 80 отсто од шведските општини не сакаат да прифаќаат нови азиланти, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Според една нова анкета, само околу 20 проценти од општинските раководства во земјата одговориле дека нивните општини би требало да бидат подготвени за прифаќање на поголем број бегалци и имигранти.

Во спроведеното анкетирање во врска со можни промени на начинот и обемот на прифаќање на азиланти, учествувале вкупно 203 шведски општини во речиси сите делови на земјата. Според актуелните прогнози, годинава во Шведска се очекува 54.000 лица да поднесат барање за азил.

Шведскиот Завод за миграции се соочува со се поголеми тешкотии да обезбеди сместување, бидејќи постојано се намалува бројот на општините кои можат да понудат слободни станови за азиланти на кои им се одобрува дозвола за престој.

Во рамките на ЕУ само Франција и Германија прифаќаат поголем број азиланти од Шведска. Но кога бројките ќе се стават во сооднос со големината на наслението, Шведска прифаќа најмногу баратели на азил во цела ЕУ.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност