Столтенберг: Загриженоста на Турција за сопствената безбедност е легитмна

Од:

Загриженоста на Турција за сопствената безбедност е легитмна, изјави во Хелсинки генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, коментирајќи го противењето на официјална Анкара за членството на Финска и Шведска во алијансата.

Столтенберг на прес-конференција со финскиот претседател Саули Нинисто рече дека ниту една друга членка на НАТО не доживеала толку терористички напади како Турција и дека нејзината загриженост, како важнa членкa на алијансата, треба да се сфати сериозно.

„Кога некој вреден сојузник изразува загриженост за тероризмот ние го сфаќаме сериозно“, нагласи Столтенберг.

Шефот на НАТО и финскиот претседател рекоа дека работат со Турција за да се решат какви било несогласувања меѓу трите страни. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвинува Стокхолм и Хелсинки дека прифаќаат „терористи“ од Курдистанската работничка партија (ПКК).

Финскиот претседател рече дека неговата земја „не“ ги третира членовите на ПКК поинаку од другите членки на НАТО и дека затоа е тешко да се разбере што очекува Турција од Хелсинки, но дека тој ќе продолжи да зборува за тоа.

Би можело да ве интересира

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

Допис од НАТО покажува дека Ковачки бил одбиен за безбедносен сертификат, тој вели: Не сум бил одбиен, ниту сум го повлекол барањето

Александар Тодески

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Столтенберг: Ракети на НАТО беа користени за напад на Црноморската флота