Столтенберг загрижен поради одлуката на Трамп за повлекување војници од Европа

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја бранеше воената посветеност на САД кон Европа, по информациите дека претседателот на САД, Доналд Трамп, планира драстично да го намали бројот на војници во Германија.

Берлин изрази загриженост во врска со проценката на американските медиуми за намалување на составот за речиси 30 проценти од сегашните 34.500 американски војници во Германија.

Овој потег значително ќе ја намали посветеноста на САД за европска одбрана под капата на НАТО и се чини ќе го затекне Берлин неподготвен.

Прашан за плановите, Столтенберг одби директно да ги искоментира „протечените вести или шпекулации во медиумите“, но рече дека „постојано се советувал“ со Вашингтон за неговото воено присуство во Европа.

И како што тоа често го прави кога е притиснат од двојниот став на администрацијата на Трамп за НАТО, Столтенберг и денеска почна со детална одбрана на заложбите на Вашингтон за европската безбедност.

-Во последните неколку години, всушност видовме повторно зголемување на присуството на САД во Европа, рече тој.

„И не станува збор само за Германија. Видовме, на пример, нова американска бригада стационирана во Европа, видовме поротирачко присуство, видовме дека САД имаат водечка улога во борбената група на НАТО во Полска“, објаснуваше генсекот на НАТО .

И покрај трансатлантските политички тензии, Столтенберг инсистираше на тоа дека сојузниците во НАТО „сега заедно повеќе прават во Европа отколку што правевме многу, многу години во минатото“.

Столтенберг зборуваше на онлајн сесија на прашања и одговори за размена на стручни идеи, во насока на зајакнување на сојузот во време на пандемијата на коронавирус.

Би можело да ве интересира

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата