Столтенберг за состанокот на Советот НАТО-Русија

Од:

Денешниот состанок на Советот НАТО-Русија е навремена можност за дијалог во критичен момент за европската безбедност, напиша на Твитер генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

– Кога тензиите се високи, уште поважно е да седнеме околу иста маса и да разговараме за нашите грижи, додаде Столтенберг.

Во Брисел денеска се одржува состанок на Советот НАТО-Русија на кој Москва ја претставуваат заменик министерот за надворешни работи Александар Грушко и заменик министерот за одбрана Александар Фомин.

Денешниот состанок е втор од трите клучни ангажмани со Русија, наменети за смирување на растечката закана што ја претставува Москва за соседна Украина, додека земјата распоредува илјадници војници долж границата. Во понеделникот претставниците на Русија и САД во Женева преговараа повеќе од седум часа, потсетува Си-Ен-Ен. Тие разговараа за безбедносните гаранции меѓу Русија и САД, а делегациите ги предводеа заменик-државната секретарка на САД Венди Шерман и рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

За утре е закажан состанок на Советот Русија-ОБСЕ во Виена.

Би можело да ве интересира

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

ВИДЕО: Голема евакуација на населението во регионите погодени од полави во Русија