Столтенберг во Истанбул: Време е Финска и Шведска да влезат во НАТО

Од:

Време е Шведска и Финска да се приклучат кон НАТО, изјави вечерва во Истанбул генералниот секретар на Атлантската алијанса, Јенс Столтенберг.

Столтенберг утре треба да разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој го блокира влезот на двете нордиски земји во Алијансата, обвинувајќи ги дека, меѓу другото, ги штитат курдските борци на Курдската работничка партија (ПКК), кои Анкара ги смета за терористи.

-Ја разбирам вашата загриженост, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.

Чавушоглу, пак, кажа дека има поголема доверба во новата шведска Влада.

-Имавме мала надеж со поранешната шведска (влада), но новата влада е одлучна по ова прашање, рече тој и потврди дека шведскиот премиер Улф Кристерсон ќе ја посети Анкара на 8 ноември на покана на турскиот претседател.

Досега 28 од 30 земји-членки на НАТО го ратификуваа приемот на Шведска и Финска, што мора едногласно да биде одобрен од сите земји членки, а засега нивниот прием сè уште не го имаат ратификувано Унгарија и Турција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

Допис од НАТО покажува дека Ковачки бил одбиен за безбедносен сертификат, тој вели: Не сум бил одбиен, ниту сум го повлекол барањето

Александар Тодески

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

НАТО: Продолжуваме да ја поддржуваме Украина и да ја зајакнуваме одбраната, Русија е најголемата закана