Столтенберг: Путин ја користи зимата за да го скрши украинскиот народ, нема да му успее

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг остро ги осуди новите руски ракетни напади врз Украина, нагласувајќи дека руската стратегија во таа земја нема да успее. Обидите да се лиши украинскиот народ од вода, струја и греење е намерен напад врз цивили, рече Столтенберг во интервју за ДПА во Брисел.

Кремљ со месеци ја бомбардира енергетската инфраструктура на Украина. Денеска, Русија изврши нови напади низ Украина, вклучувајќи ги Запорожје, Миколаев, Виница, Полтава, Днепропетровск и Харков. Мета беше и Киев.

Рускиот претседател Владимир Путин „се обидува да ја искористи зимата како оружје, настојувајќи да го скрши украинскиот народ со цел да ја поткопа нивната поддршка за украинската самоодбрана“, рече Столтенберг. Но, генералниот секретар на НАТО е убеден дека стратегијата на Путин нема да успее.

„Историјата всушност нè учи дека овој вид на брутален напад врз цивили не ја ослабува волјата за отпор, туку само ја зајакнува“, рече тој. Столтенберг смета и дека Путин направил голема грешка со потценувањето на решителноста на членките на НАТО да и помогнат на Украина.

„Сојузниците на НАТО и даваат поддршка на Украина во невидени размери и јасно ставија до знаење дека ќе ја поддржуваат се додека е потребно“, рече тој.

Би можело да ве интересира

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин

ВИДЕО: Русија жестоко нападна неколку украински градови, најтешко погоден Харков

Катерина Ѓуровски

Столтенберг: Сите воени објекти во Русија се легитимни цели

Украина тврди дека соборила руски хелкоптер, Русите велат сам паднал